Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ЗЕЛЕНА МАГМА

Зелена  Магма или зелена есенција од јачмен

- додаток во исхраната од органско потекло -


         GreenMagma или Зелена Магма е природен производ во форма на прав, добиен од сокот на органско одгледани млади листови од јачмен и претставува додаток во исхраната со исклучителни нутритивни вредности. Од преку 200 испитувани растителни видови и зелени билки, сокот од младите јачменови листови е со најголема количина на активни состојки. Јачменот го одгледувале древните народи уште 7000 год пред Христос. Египќаните го користеле за подготовка на пивото хаљ, а во исхраната на Сумераните завземал значајно место. Јапонците по традиција многу го почитуваат јачменот како храна и како лек, поради што е опеан во многу јапонски народни песни.  Сочните, зелени листови на младиот јачмен содржат многубројни хранливи состојки кои влијаат на подобрување на нашето здравје.
     Зелената магма е плод на долгогодишни научни истражувања на Dr.Hagiwara - фармацевт и сопственик на компанијата Hagiwara Pharmacy. Токму за зелената магма ја добил и престижната награда Pharmaceutika Meritorious Service Award во 1982 год. Целиот свој живот го посветил на унапредувањето на производниот процес и добивање на зелена магма со најдобар квалитет. Green Food Coorporation (САД) е светски призната компанија за производство на органски сертифицирани додатоци во исхраната, која ја произведува зелената магма според оригиналната формула на Dr. Hagiwara. За производство се користат исклучиво свежи, млади листови од јачмен, одгледани на плантажи (според строгите критериуми за органско производство), лоцирани во близината на Тихиот океан. Листовите внимателно се мијат и пресуваат, при што од нив се цеди свеж, зелен сок. Потоа се врши дехидрирање на сокот во период од 3 секунди на собна температура. Добиениот прав се гранулира, за да се постигне подобра растворливост во вода и побрза апсорбција на хранливите материи во човековиот организам. Со оваа постапка се добива финален производ со врвен квалитет, во кој хранливите материи имаат непроменета хемиска структура, и претставува производ кој е единствен по својот квалитет и делотворност. Зелената магма е мошне хранлив, благо алкален прав со пријатен вкус и мирис. Овој моќен природен антиоксиданс може од корен да го смени и подобри Вашето здравје. Виталната снага на младиот јачмен е вистинска формула со која ќе го детоксифицирате Вашето тело, ќе го зајакнете ослабениот имунитет и ќе Ви даде максимум енергија

       Состав:

      Зелената магма претставува единствена природна формула во која содржаните витамини, минерали, ензими, аминокиселини и антиоксиданси се наоѓаат во совршена рамнотежа и поради нивниот избалансиран сооднос имаат силно синергистичко дејство.

Содржи: 

     Витамини - каротеноиди (кои се претвораат во вит. А) Вит. Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, ниацин, холин, биотин, пантотенска киселина и др.
     Минерали - Fe (железо), K (калиум), Ca (калциум), Cu (бакар), Zn (цинк), Mg (манган), P (фосфор) и др.
     Ензими - супероксид дисмутаза (СОД), пероксидаза (ја спречува оксидацијата на   липидите и нивното таложење по зидовите на крвните садови т.е делува против појава на артеросклероза). Ензимите во зелената магма поседуваат силно антиоксидационо својство, ги уништуваат слободните радикали чие присуство доведува до нарушување на нормалната ДНК - структура на клетките и појава на болести.
     Аминокиселини - 19 есенцијални аминокиселини и др.
    Хлорофил - растителен зелен пигмент кој со векови бил познат како ”зелена крв”, дури се верувало дека со негово конзумирање се претвора во крв. Верувањето не е далеку од вистината бидејќи растителниот хлорофил и човечките црвени крвни зрнца - еритроцити, имаат слична молекуларна структура и со право биле нарекувани - близнаци.

 

 

Се препорачува за:

  • Одржување на општа здравствена состојба,
  • Подигање на имунитетот,
  • Детоксикација,
  • Сите типови на диети,
  • Деца во период на раст и развој, спортисти, реконвалесценти,
  • Оние под стрес, и 

Како дополнителна помош при:

  • Анемии (трудници и доилки),
  • Остеопороза,
  • Белодробни заболувања,
  • Заболувања на органите за варење,
  • Дијабетес,
  • Бенигни и малигни заболувања.

Зелената Магма е силен антиоксиданс, ги уништува слободните радикали и спречува оштетувања на нормалната ДНК структура на клетките, врши ревитализација на организмот и го забавува процесот на стареење. 

       Несакани ефекти и интеракција со други лекови не се познати. Препаратот се препорачува и кај деца и кај возрасни. За правилна примена неопходна е консултација со лекар или фармацевт.

       Начин на употреба:

 Два до три пати дневно по една кафена лажичка растворена во 150ml ладна вода или овошен сок, на гладно 30 мин. пред јадење во период од три месеци (не се препорачува употреба на топла вода или чај). Најдобра ресорпција на активните материи се обезбедува доколку ја пиете полека во мали голтки и со кратко задржување во устата. 


      Начин на чување:

Зелената Магма не содржи конзерванси и стабилизатори, затоа по отворањето препаратот се чува на ладно, темно и суво место.


* Овие производи се додатоци во исхраната и не претставуваат замена за класични лекарства и медицински третмани

 

Доколку имате повеќе прашања за овој или било кој од нашите производи, слободно контактирајте не