Антиоксиданси се супстанци кои имаат способност да ги неутрализираат слободните радикали. Знаејки го штетното дејство на слободните радикали, современите специјалисти советуваат користење на антиоксиданси и кај здравите и кај болните луѓе. Еден од најсилните антиоксиданси е кверцентинот, кој спаѓа во групата на водоотпорни пигменти наречени флавоноиди. Кверцетинот помага во борбата против многу болести, од астма до канцер и срцеви заболувања. Тој се бори со деструктивните слободни радикали и молекули кои играат улога во многу заболувања.
Последните истражувања индицираат дека кверцетинот и другите флавоноиди можат да помогнат во превенција на срцеви заболувања. Една од причините за срцеви заболувања е зголемувањето на мазните мускулни клетки во артериските ѕидови, клучни компоненти во развојот на артериосклероза. Во 2002 година студија во списанието Sargery, известува дека во лабараториски услови, кверцетинот го забавува развојот на васкуларните мазни мускулни клетки ставајќи ги во "нерастечка" состојба. Тој ја ублажува штетата предизвикана од (ЛДЛ) лошиот холестерол, редуцирајќи ја оксидацијата на истиот. Кардиолозите веруваат дека штетите од ЛДЛ холестеролот се потенцијална причина за срцеви заболувања.
Гуавата е јужно овошје со изразито лековити својства кои се должат на флавоноидот кверцетин. Кверцетинот се смета и за фитоестроген (растителна супстанција со симулирачки функции како естрогенот). Кај жените, силна поврзаност е најдена меѓу високиот внес на кверцетин и редуцирањето на ризикот од фаталниот срцев удар. На кверцетинот се припишува и антиканцерогено дејство, бидејќи делува против раст на малигните клетки особено кај ракот на дојка и женските репродуктивни органи.
Гуавата е погодна за конзумирање особено нејзината ферментирана форма со подлога од комбуха чајна габа и зелен чај. Препаратот изобилува со многу аминокиселини, витамини, минерали, ензими, и пробиотици. Ферментираната гуава го регулира метаболизмот на шеќери и масти во човековиот организам. Ја намалува количината на масти, го регулира зголемениот крвен притисок и го намалува нивото на шеќер во крвта за 20%. Затоа неговата употреба кај пациенти со хронична срцева болест и дијабетес е повеќе од оправдана. Со редовна употреба на овој природен производ- дар од природата, во голем процент се намалува ризикот од срцев удар.