Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ПАПАЈА 35 - еликсир на долговечноста

-додаток во исхраната од органско потекло-

 

Во изворната медицина на древните народи, папајата е позната како лековита билка и се употребувала за третирање на многу состојби.


Папајата е дрво на вечната младост, рајско овошје и ангелски плод - вака ја нарекувале старите морепловци, кои за прв пат ја откриле при освојувачките походи на новите континенти. За Марко Поло плодот на папајата представувал „лубеница на здравјето“ бидејќи поради високата концентрација на витамин Ц неговите морнари не се разболувале од скорбут. Во Куба ја нарекуваат Bomba di fruta или „витаминска бомба“, поради исклучително големиот процент на присутни витамини. Фактот, дека дрвото на папајата е многу отпорно и ретко подложно на паразити и болести, самиот по себе многу кажува за неговата моќ.


Папаја 35 (достапна како концентрат и капсули) е природен, ферментиран производ и претставува единствена и неповторлива формула, која во себе ги содржи сите неопходни, биоактивни материи кои се извор на виталност и долг живот. Се добива од зрели плодови, свежи листови и семе од зелена папаја, по пат на природен лакто - ферментирачки процес со помош на комбуха - чајна габа и зелен чај. При овој процес се создаваат и други активни материи како глукуронска, фолна киселина, аминокиселини и ензими, кои дополнително го збогатуваат составот.

За добивање на Папаја 35 се користат органски одгледани листови, плодови и семе од зрела зелена папаја. Папајата се одгледува на специјални плантажи со проверен и контролиран состав и квалитет на земјиштето, а при култивирањето е забранета употреба на хербициди, пестициди и сл. хемикалии. Крајните производи во себе не содржат конзерванси, вештачки бои и адитиви за подобрување на вкусот, мирисот и сл. При процесот на ферментација се создава млечна киселина која е природен конзерванс и го стабилизира крајниот производ. Самата млечна киселина ја негува и цревната флора и т.н. „добри бактерии“, кои се неопходни за правилна функција на цревата.

 

Папаја 35 изобилува со:

  • Витамини - витамин Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Б17 (леатрил), фолна киселина и други витамини,
  • Минерали - К (Калиум), Ca (Калциум), Mg (Магнезиум), P (Фосфор), Na (натриум), Fe (железо), Zn (цинк)
  • Аминокиселини - есенцијални - изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан, валин и неесенцијални аминокиселини.
  •  Ензими - папаин, химопапаин А, химопапаин Б, липаза, лизозим, глутамин - циклотрансфераза. Изобилува и со многу моќни антиоксиданти како бета каротени,
  • Ацидофили - Lactobacillus Acidophilus, Bifidus, Bulgaricas, Lactis и др.


Папаја 35 се користи како додаток во исхраната и како дополнителна помош кај голем број заболувања. Носител на главното лековито дејство е ензимот папаин. Зрелиот плод, како и лисјата од папајата содржат најголема количина на овој многу делотворен ензим. Папаинот има јак протеолитички ефект и содејствува во разградбата на белковините. Од овде потекнува јакото детоксификационо и прочистувачко дејство на Папаја 35. Со редовна употреба, темелно ги чисти зидовите на тенкото и дебелото црево, врши промивка на цревните ресички и ги одстранува со години наталожените отровни материи. Учествува во создавањето на есенцијалните аминокиселини, а особено важна е аминокиселината Аргинин. Нејзината улога се состои во активирањето на антитуморскиот фактор, кој ја блокира неконтролираната делба на малигните клетки, со што се остварува антитуморското дејство на Папаја 35.

 

Папаја 35 се препорачува како дополнителна помош при:

Заболувања на дигестивниот тракт (опстипација, гастрит, чир на желудник, хемороиди),

  • Нарушена пробиотска рамнотежа,
  • Антибиотска терапија и габични инфекции,
  • Хемо, радио и цитостатска терапија,
  • Невролошки заболувања (мултипла склероза, Паркинсонова болест, Алцхајмер),
  • Белодробни заболувања (бронхитис, пневмонија, астма),
  • Ревматски заболувања (ревматоиден артритис),
  • Кожни заболувања (егземи, акни, алергии),
  • Детоксикација и топење на мастите,
  • Бенигни и малигни заболувања.



Несакани ефекти и интеракција со други лекови не се познати. Овие производи не содржат конзерванси и стабилизатори, затоа после отворањето препаратот се чува на ладно - во фрижидер.

 

Употреба на овој препарат не се препорачува во период на бременост и лактација.

Пред секоја употреба треба добро да се промати поради талогот од комбухата кој е нормално присутен.

 

Начин на употреба:

  • Концентрат - 500 ml (Три пати дневно по 1-3 капачиња, растворени во 150ml вода или овошен сок, триесет минути пред оброк во период од три месеци). Да не се меша со топли или газирани напитоци.
  • Капсули - 30 х 500 mg (Една капсула дневно, за време на оброк во период од три месеци).

 

За дополнителни информации консултирајте се со нашиот фармацевт или лекар.

 

* Овие производи се додатоци во исхраната и не претставуваат замена за класични лекарства и медицински третмани.

 

Доколку имате повеќе прашања за овој или било кој од нашите производи, слободно контактирајте не