- додаток во исхраната добиен од органски одгледани плантажи -
Алое гел/сок со ALOESORB™ - ИНОВАТИВНА ФОРМУЛА НА LILY OF THE DESERT
Во напорите да понуди најдобри алое производи и да ги подобри нутритивните и лековитите ефкти на алоето, компанијата Lily of the desert успеа да развие уникатна формула со што докажа дека со право е лидер во производство на алое.
Повеќе од 5 години истражувачкиот тим на, Lily of the desert работеше на нов иновативен процес т.н ALOESORB™ базиран врз научна основа и поткрепен со многу клинички истражувања. Lily of the desert е единствена компанија во светот која има направено комплетни клинички студии за своите ALOESORB™ производи. ALOESORB™ е патентирана постапка со која се издвојува комплекс на полисахариди со голема молекуларна тежина (4-7.000,000 далтони) и истите се враќаат (60мг) во готови алое производи. Овие полисахариди со голема молекуларна тежина најчесто се инактивираат во самиот процес на цедење на алоето и ги нема во состав на крајниот производ, со што и бенефитот од алоето е помал. Со овој иновативен процес комплексот од полисахариди со голема молекуларна тежина е сочуван и истите се повторно вратени во состав на алое производот. На овој начин повеќекратно се зголемени имуностимулативните и имуномодулаторските својства на алоето, се обезбедува здрава подршка на дигестивниот систем со квалитетна детоксификација и одржување на општата здравствена состојба.
Секој алое производ на Lily of the desert засилен со ALOESORB™ содржи 62% на полисахариди со голема молекуларна тежина. Токму ова овозможува активна биорасположливост и максимална апсорбција на активните компоненти од алоето но воедно и на оние нутритиенти кои се внесени преку храната и друг вид суплементарна терапија.
Со цел да се докажат лековитите ефекти на алоето, правени се студии од два независни Универзитети во Mississipi, USA. Првата студија покажа дека ALOESORB™ на Lily of the desert содржи 46% повеќе алоеполисахариди во однос на конкурентските производи. Со втората студија се испитуваа биорасположивоста и апсорпцијата на Вит Ц. Резултатите несомнено ја потврдуваат зголемената ресорпција на вит Ц кога се зема во комбинација со ALOESORB™ на Lily of the desert. Токму затоа добро информираните корисници ги земаат своите суплементи (витамини, минерали, аминокиселини) со ALOESORB™ на Lily of the desert, знаејќи дека само така ќе го добијат максималниот бенефит од земените суплементи.
Во мај 2008 Fenestra Research Labs ги заврши клиничките истражувања вршени на 50 индивидуи и 25 контролни субјекти. Целта на овие клинички студии беше да се потврди имуностимулативната функција на алоето со следење на бројот и активноста на белите крвни зрнца како и преку OWT (Optimal wellness test - тест патентиран и развиен од страна на Fenestra Research Labs). Преку овој тест беа следени одредени биохемски параметри преку испитување на урината и плунката, со што беа потврдени позитивните ефекти на алоето врз клеточниот метаболизам во период на 30 - дневно редовно и непрекинато користење на алое со ALOESORB™. Резултатите покажаа зголемување на имунолошкиот капацитет кај групата која користела алое со ALOESORB™ за 16% повеќе во однос на контролната група, третирана со плацебо. Освен тоа со оваа клиничка студија беа докажани и следните резултати:
Сите овие студии и испитувања ја потврдуваат улогата на ALOESORB™ на Lily of the desert како неразделен партнер на сите други суплементи, со цел да се зголеми нивната ресорпција и биорасположивост во организмот, со што обезбедуваме максимален ефект и бенефит во напорите за подобрување на сопственото здравје.
Особено значаен препарат е Алое Вера сок 100%, и е единствен органски сертифициран Алое производ по новите USA стандарди, без конзерванси, без додаток на вода, без ГМО и пакуван во стаклена амбалажа и збогатен со Aloesorb™ иновативната техологија која овозможува активна биорасположивост и максимална апсорбција на активните компоненти од алоето но воедно и на оние нутритиенти кои се внесени преку храната и друг вид суплементарна терапија.
Се препорачува како:
Како дополнитлна помош при:
* Овие производи се додатоци во исхраната и не претставуваат замена за класични лекарства и медицински третмани
Доколку имате повеќе прашања за овој или било кој од нашите производи, слободно контактирајте не