Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ЕНЗИМИТЕ СЕ ИСКРА НА ЖИВОТОТ

 

  Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
  
      Желбата да се  доживее длабока старост во услови на добро здравје е  стара колку и човекот и опстојува со векови наназад. И покрај  брзиот развој на науката и медицината, одговорот како да се постигне вечна младост и благосостојба сеуште е тајна. Според нашиот генетски код, животниот век на  човекот би требало да изнесува од 100-120 години, но  сведоци сме дека се повеќе расте бројот на заболени од малигни и други дегенеративни болести.   
      Животот  претставува постојана борба на нашиот организам со разни напаѓачи однадвор , кои секојдневно навлегуваат во нашето тело со една единствена цел-да предизвикаат болест. За успешна борба против нив, во нашиот организам постојат два физиолошки система на одбрана
    - антиоксидативен систем -кој не штити од појава на оксидативен стрес  (состојба  предизвикана од штетното дејство на слободните радикали) 
    - имунолошкиот систем -  кој е одговорен за уништување на разните микроорганизми (бактерии, вируси, паразити, габи и сл) и на малигните клетки.
    Антиоксидативниот систем има за задача да ги уништи штетните слободни радикали, кои имаат голема разорна моќ и ја оштетуваат нормалната структура на клетките. Него го сочинуваат активни  ензими (С.О.Д, каталаза, глутатион пероксидаза и др.), витамини (А, Ц, Е) и  минерали (Зн, Се). Еден дел од ензимите нормално се создаваат во нашето тело и служат како биокатализатори на метаболните процеси во организмот, а дел ги внесуваме од надвор преку исхраната. Со текот на годините телото ја губи способноста да ги создава овие ензими затоа и старее и е подложно на дегенеративни процеси и појава на болести. Поради лошите прехрамбени навики, слабиот квалитет и термичка обработка на храната (над 40 степени ензимите се целосно уништени) современиот човек не внесува доволно ензими преку исхраната. Во услови на ензимски дефицит, во телото се таложат слободните радикали што неминовно води до појава на оксидативен стрес, а со тек на време и на некое сериозно здравствено нарушување.

   За да се зголеми активноста на антиоксидативниот систем и да се спречи појава на болест неопходно е да се внесуваат активни ензими преку додатоци во исхраната како што е Папаја-35.  Тоа е концентрат и капсули добиени од жива култура по пат на ферментација на листови, семе и плодови од зрела зелена папаја со помош на комбуха чајна габа и зелен чај со додаток на екстракт од калинка. Препаратите  се носители на меѓународно признати сертификати кои гарантираат врвен квалитет, органско потекло и највисок процент на активни ензими (минимум 25мг/5мл концентрат ) со што се разликуваат од навидум сличните производи.