Иако денес за исхраната и прехрамбените продукти знаеме како никогаш до сега, истовремено нашата исхрана е крајно неквалитетна и неприлагодена на секојдневните потреби. Живееме во изобилство на храна, а човекот никогаш до сега во историјата не се хранел толку лошо. Кога се чувствуваме уморни, збунети и изгубени во морето секојдневни обврски, посегнуваме по брзата храна и во себе внесуваме празни калории без никакви нутритивни вредности со кои само го труеме нашето тело. Данокот на лошата исхрана го плаќаме секојдневно, се почесто заболуваме од болестите на модерното време како: вишок на килограми, дијабетес, алергии, кардиоваскуларни болести, автоимуни болести и секако малигните заболувања кои се во огромен пораст
Животните во природата совршено добро знаат што и како треба да јадат. По својата генетска предодреденост длабоко во себе и човекот знае да се храни. Но современиот стресен начин на живеење толку го има оддалечено човекот од природата, што таа генетски предодредена мудрост за правилна исхрана ретко кој од нас ја негува и практикува.
Секојдневно сме сведоци на рекламирање на разни прехрамбени артикли кои не мамат со својот изглед и привлечна амбалажа, и за кратко време стануваме конзументи на ваквите производи. Ретко го проверуваме составот и квалитетот на тие производи и не се прашуваме како тие дејствуваат врз нашиот организам во нутритивна смисла. За да го задоволиме нашето непце и не ретко нашата ,,емотивна глад,, ние несвесно го нарушуваме нашето здравје и создаваме услови за појава на сериозни болести.
За да го направиме првиот чекор во поглед на промена на нашиот досегашен режим на исхрана, неопходно е свесно осознавање на секој од нас дека правилната исхрана е темел за добро здравје. Нека храната твоја биде лек, и нека твој лек биде храната - кажал Хипократ пред илјадници години. Вистината која ја содржи оваа мудра изрека треба да ја практикуваме во креирањето на нашето секојдневно мени. Исхраната која се состои од квалитетни прехрамбени продукти од органско потекло, за кои е проверено и докажано дека се одгледани по принцип на органско производство, треба да биде темел на нашата исхрана.
Нутриционизмот, како наука за правилна исхрана, кој во светот е високо е ценет и признаен од медицински аспект, дава совети и препораки за изборот, подготвувањето и комбинирањето на прехрамбените намирници. Постојано сме сведоци на практикување на разни трендовски диети на пр. протеинска диета, диета на Обединети Нации, исхрана во зони итн. Во сите нив има позитивни сегменти, но и покрај добрите намери Вашето тело по извесен период ќе се побуни и ќе створи отпор, со што Ви порачува дека ваквиот режим на исхрана веќе не ги задоволува Вашите биолошки и физиолошки потреби. Стручниот тим на Натура Плус при изработката на режимот за исхрана, го практикува принципот на индивидуален пристап кон секој човек, бидејќи сите ние имаме различен метаболизам, различни генетски предиспозиции кон одредени заболувања, имаме различни крвни групи итн.
Токму затоа потребата од изработка на програм за индивидуален режим на исхрана, е реална последица на човековото себеспознавање и развивање на свеста дека преку исхраната можеме многу да сториме за себе и сопственото здравје. Со ваков режим на исхрана изработен само за Вас и прилагоден на Вашите специфични потреби и карактеристики како индивидуа Вие на најдобар можен начин ќе можете правилно и здраво да се храните, да го негувате Вашето здравје и да превенирате појава на сериозни болести.