Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

Папаја35 кај карцином на дебелото црево

  Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
   
Кој нездраво живее и нездраво се храни,
цел живот се подготвува за рак
(prof.dr.med.Kolltah)

        Појавата на карцином на дебелото црево во последниве години е во голем пораст. Причината за појава на ракот на дебелото црево не е познат, но се знае дека лошите прехрамбени навики имаат одредена улога во појавата на овој тип на малигна болест. Бројни студии ја потврдуваат врската меѓу ракот на дебелото црево и исхраната која содржи големо количество на протеини од животинско потекло особено месо како и животински масти. Во развојот на ракот важни се и други фактори, како полипоза на дебелото црево, улцерозен колит и одредени генетски пореметувања. Ризикот за појава на оваа болест расте со годините и по правило се дуплира со секоја декада по четвртата деценија од животот.

     Прогнозата во процесот на излекување зависи од степенот на инфилтрацијата на ѕидот на цревото во моментот на поставувањето на дијагнозата, а резултатите кај заболувањата во поодмината фаза се исклучително лоши. Кај пациенти во рана симптоматска фаза посебно внимание треба да се обрати на појава на крв во столицата и појава на пролив или запек особено кај лица над 45-години старост. Судбоносни грешки се прават кога пациентот па и лекарот, се задоволуваат со дијагноза на хемороиди без предходни детални испитувања, со кои прецизно би се докажала причината за крварењето. Не ретко симптомите на ракот на дебело црево се некарактеристични, па затоа при секое крварење и појава на сидеропенична анемија кај лица постари од 40 години, лекарот треба да се сомнева на присуство на рак на дебелото црево, се додека не се докаже спротивното. Превенцијата и раното откривање на болеста се исклучително важни. Раното откривање на карциномот дава значително подобри резултати во лекувањето и во намалување на смртноста.

      Сепак најдобар третман на ваквите заболувања е превенцијата. Превенцијата се состои во внимателно одбирање на храната која ја конзумираме секојдневно. Само урамнотежена, правилна и редовна исхрана- без драстични гладувања или прејадувања е вистински избор за секој од нас. Повеќе пати во текот на денот треба да се конзумира свежа, органски произведена храна, богата со растителни влакна, витамини и ензими. Храната која изобилува со ензими е добра за цревото, бидејќи е лесно сварлива, ја подобрува перисталтиката и ја олеснува дигестијата во цревата.

      Концентратот и капсулите Папаја 35 се уникатна формула добиена од зрел плод, листови и семки од папаја, ферментирана со комбуха чајна габа и зелен чај и додаток на екстракт од калинка. Само со овој состав е вистинска алтернатива кај малигните заболувања. Се користи како додаток во исхраната и како таква не треба да се меша со навидум сличните производи. Се препорачува како помош за превенција  и додаток на терапија на сите болести на дигестивниот тракт.

     Во Папаја 35 особено е значајно присуството на протеолитичкиот ензим папаин кој има силен детоксификаторски и антитуморски ефект, и затоа се препорачува користење на овие ензимски препарати како додаток во исхраната при малигни заболувања. Нејзиното делување е особено значајно како чистач на цревниот тракт (детоксификатор) од присуството на голема количина отпад кој останува по ѕидовите на цревата. Со внесување на Папаја 35 насобраниот и по цревата залепен смет од гниењето на белковините се топи со што се спречува самотруењето (автоинтоксикација) кое е главна причина за појава на болест. Делотворноста на Папаја 35  како додаток во секојдневната исхрана се остварува и преку ревитализирање на клетките и обнова на слузницата на цревата. Лековитата моќ на Папаја35 ја потврдуваат бројни искуства од пациенти кои го конзумирале овој препарат и на тој начин го збогатиле своето мени со високо хранлив и здрав производ а воедно го повратиле своето здравје.