Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ИНТИМНО ЗДРАВЈЕ - СОН НА СЕКОЈА ЖЕНА

  Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
   

   Во европските земји каде Пап тестот е задолжителен, во последните 40 год дојде до опаѓање на смртноста од рак на грлото на матката за 70%.

    Болестите на женските репродуктивни органи нагло се зголемија во текот на последните години. Различните тегоби како: менструални грчеви и нередовни менструации, зголемено лачење на вагинален секрет, блокирани јајцеводи, циста на јајниците,ЦИН1, ЦИН2,фиброидни тумори и карцином се почесто се проблем на современата жена. Редовните гинеколошки прегледи се неопходни за рано откривање на сите непожелни промени на репродуктивните органи и се репер за гинеколошкото здравје на жената. За жал, кај нас во Македонија редовноста во овој поглед е крајно лоша поради слабата здравствена едукација на жените, конзервативните сфаќања и стравот од лошата дијагноза, особено во руралните средини. Гинеколог се посетува најчесто кога болеста веќе е во напредната фаза и кога животот на пациентката е во сериозна опасност. Затоа не е за изненадување се поголемата смртност кај женската популација, токму од овој тип на карцином.

     Пап-тестот е рутинска и безболна метода со која се зема брис од грлото на матката и се врши цитолошка (клеточна) анализа под микроскоп на земениот материјал. На овој начин се откриваат и најраните фази на патолошки промени кај клетките, сите отстапувања во морфологијата и обликот на клетките, односно се дијагностицираат сите предканцерогени состојби на грлото на матката. Овој брис треба да се зема на секои 6 месеци, почнувајќи од 20-тата година и е единствен вистински показател на Вашето интимно здравје. Во европските земји каде Пап тестот е задолжителен, во последните 40 год дојде до опаѓање на смртноста од рак на грлото на матката за 70%.

    Најчести промени на ниво на клетката се т.н дисплазии.-CIN 1-лесна дисплазија и CIN 2-средна дисплазија. Овие цитолошки промени може да се изгубат, по елиминирањето на основната причина поради која настанале(најчесто инфекции), клетката се враќа во првобитна здрава состојба без никакви последици по здравјето на пациентката.. CIS или Ca in situ е предклинички стадиум на карциномот, каде болеста не излегла од основната единка- клетката и бара подетални испитувања За појава на ракот придонесуваат и синтетските хемиски супстанции, разни хормонални препарати, вештачки методи на контрацепција и други неприродни методи за регулирање на репродуктивните и менструалните функции. Стресниот начин на живеење, алкохолот и пушењето, се секако фактори на ризик за појава на ракот на гениталните органи.

     Покрај редовните гинеколошки контроли кои се задолжителни, препорачлива е употребата на додатоци во исхраната како на пр. високо вредниот ензимски препарат Гуава-Папаја концентрат. Препаратот е добиен по пат на ферментација на плодови и листови од папаја и гуава со помош на комбуха чајна габа и зелен чај. Освен што ги содржи ензимите на самите овошја гуава и папаја, изобилува и со нови активни состојки добиени при процесот на ферментација како што се: глукуронска киселина, Б-витамини, фолна киселина, аминикиселини, ензими и др.

    Food Chemical News (1995) известува за американска студија, која докажува дека плодот од гуава штити од рак. Според таа студија, со помош на гуава, од една страна доаѓа до модулација на имунитетот, додека од друга страна се блокираат разните канцерогени материи како на пр. нитрозамини Голема студија од универзитетот во Рим, покажува дека биофлавоноидот кверцетин присутен во гуавата, е во состојба да го спречи растот на клетките на ракот на матката. Ова се случува по пат на стимулирање на сопствените телесни кочници за раст на ракот - адриамицинот. Оваа зголемена активност со помош на кверцетинот, доведува до дирекно запирање на растот на клетките на ракот на репродуктивните органи. Една студија од универзитетот од Shizuoka, Јапонија, докажала присутност на една материја, галлоцатхецин, во листовите на гуавата. Оваа материја има големо значење поради нејзиното антимутагено делување. Тоа значи дека поседува способност за поправање на онаа ДНА, која е оштетена од отрови или зрачење. Оваа реконструкција на нарушени, односно променети генетски структури, има големо значење во хемотерапијата и превенцијата од ракот. Гуава-Папаја концентратот е совршен додаток во исхраната и како помошно средство може да помогне во подршка на ослабениот организам кај разорувачкиот рак.