Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ХОЛЕСТЕРОЛ - тивок убиец

  Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
   

         Холестеролот е една од главните маснотии во крвта и е неопходен за одвивање на многу животно важни функции во организмот. Тој е составен елемент на клеточните мембрани и учествува во создавањето на нови млади клетки, во производството на поедини хормони и тн. За него со право важи епитетот-парадоксален - бидејќи без него нема живот, но доколку е присутен над дозволените граници, го загрозува човековото здравје и го скусува животниот век. Преголемото количество на холестерол во крвта се смета за еден од најголемите фактори на ризик за болестите на срцето и крвните садови. Зголемениот холестерол е поврзан со појавата на артериосклероза која може да предизвика ангина пекторис, срцев инфаркт и мозочен удар со фатални последици.

         Целокупното количество потребен холестерол за организмот се создава во црниот џигер, но холестерол се внесува и преку исхраната. Особено богата со холестерол е храната од животинско потекло (месо, јајца, млечни производи). Во крвотокот холестеролот се врзува со молекулите на протеините создавајќи т.н. липопротеини. Холестеролот може да биде добар и лош холестерол. Добриот холестерол или ХДЛ го намалува ризикот од појава на болести на срцето И крвните садови. Но, лошиот холестерол или ЛДЛ (липопротеини со ниска густина) има особина да се таложи на зидот на крвните садови, со што ги стеснуваат и го намалуваат протокот на крвта. Со неконтролирано конзумирање мрсна храна, овој процес (познат како артериосклероза) се повеќе напредува и со тек на години предизвикува целосно затнување на еден или повеќе крвни садови. Затоа велиме дека холестеролот е тивок убиец. Но процесот на таложење на маснотиите може да се спречи. Тоа е една охрабрувачка информација за сите оние кои страдаат од зголемени вредности на холестерол во крвта. Правилната исхрана е единствениот важен и одлучувачки фактор за добро здравје кој е под наша контрола. Во исхраната треба да преовладуваат продукти од растително потекло како житарки, овошје и зеленчук.

     Особено голема улога во превенцијата и третманот на артериосклерозата имаат додатоците во исхраната кои имаат особина да го намалат нивото на холестеролот. Со нивна редовна употреба се регулира метаболизмот на масти во организмот. Таков производ е Папаја&Гуава концентратот кој претставува течен ферментиран производ добиен по сосема природен пат врз подлога на комбуха чајна габа и зелен чај. Има исклучително богат состав-изобилува со ензими, витамини, минерали, есенцијални аминокиселини и др. Една индиска студија објавена во Jurnal of human hypertension, докажала дека ферментираната гуава има моќ во снижување на мастите во крвта и снижување на покачениот крвен притисок. Во период од четири недели се третирани две групи на пациенти со покачен крвен притисок и покачен холестерол со две различни диети. После четири недели се покажало дека онаа група која била третирана со гуава, имала просечно 5% понизик крвен притисок, а вредностите на холестеролот се намалиле за 5-8%.Друга индиска студија објавена во списанието Amarican jurnal of cardiology дошла до слични резултати. Диетата богата со плодови од гуава, папаја и друго овошје или примена на ферментирани производи од истите овошја во траење од 12 недели, го намалила холестеролот за 9,9% а триглицеридите за 7,7%, додека т.н. добрите масти (ХДЛ) пораснале за 8 %.

     Затоа се повеќе станува реалност фактот дека храната е водечки лек во 21 век.Чинот на јадење станува многу важен -тоа е комуникација со природата, која го поттикнува животот или смртта.