Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ЛИКОПЕН ЗА ЗДРАВА ПРОСТАТА

  Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
   

      Простатата е машка жлезда со големина на орев и е лоцирана на местото каде мочниот канал излегува од бешиката. Улогата на простатата е од исклучително значење за репродуктивната моќ на секој маж. Во неа се произведува секрет кој овозможува подвижност на сперматозоидите и флуидност на семената течност. Освен тоа, има јако антибактериско дејство и ги заштитува долните уринарни патишта од разни инфекции. Работата на простатата ја контролира тестостеронот, кој е машки полов хормон. Како резултат на хормонални промени кои настапуваат по петтата деценија на животот, кај 80% од машката популација може да дојде до зголемување на оваа жлезда - медицински наречено - hipertrophio prostatae или хипертрофија на простатата. Зголемувањето на простатата опфаќа 50%мажи постари од 50 години, и неверојатни 90% мажи постари од 70 години.

    Симптомите кои ги чувствуваат овие пациенти се опишани како: често и отежнато мокрење - кое воглавно се јавува ноќе, тенок, испрекинат млаз и успорен проток на урината низ уретрата, чувство на непријатност и печење при мокрење и ејакулација и потешкотии во нормалниот сексуален живот и др. Сите овие симптоми се поради една единствена причина, а тоа е стеснување на мочниот канал поради зголемување на жлезденото ткиво кое го опкружува. Но кај голем број пациенти, болеста се развива споро и без карактеристични симптоми, па често пати болеста е занемарена и се дијагностицира во поодмината фаза.

      Покрај сите овие симптоми кои му го отежнуваат животот на пациентот, проблемот може да биде и опасен доколку таквата состојба не се лекува. Во одреден процент на случаеви, може да дојде и до појава на малигни тумори т.е карцином на простата, кој по застапеност кај машката популација е на второ место.Се јавува најчесто кај мажи постари од 65 години и почесто кај оние во чии семејства веќе имало случаеви на заболени од карцином на простата. Во принцип стручњаците се сложуваат со мислењето дека начинот на исхрана битно влијае на појава на овој тип на малигна болест. Ракот е многу почест во развиените земји каде исхраната изобилува со црвено месо и месни преработки, млечни производи и сл. отколку во земји каде исхраната се базира на ориз, соја и зеленчук. Затоа од исклучителна важност е да не се занемаруваат горе споменатите симптоми и навремено да се посети лекар специјалист-уролог, за да се направат сите неопходни испитувања и да се утврди точната дијагноза.

    Покрај класичната терапија која ја препишува лекарот во согласност со добиените резултати од испитувањата, пациентот треба да внимава и на хигиенско-прехрамбените навики кои играат голема улога во натамошниот тек на болеста. Здравиот начин на живот со доволно сон, умерена физичка активност, редовна урамнотежена и квалитетна исхрана во која преовладува овошјето и зеленчукот во свежа состојба, без цигари и алкохол, се само неколку од советите кои пациентите со зголемена простата би требало да ги прифатат како свој стил на живеење. Каротеноидите кои се присутни во свежото овошје и зеленчукот можат многу да помогнат како дополнителна, помошна терапија во лекувањето на зголемена, воспалена простата како и во случај на рак на простата.Таков е црвениот пигмент ликопен кој е најзастапен во гуавата, лубеницата, црвениот цитрон, папајата, праската, патлиџанот и сл. Има јако изразено антиоксидативно дејство, ги уништува деструктивните слободни радикали - чие присуство предизвикува појава на многу болести, особено малигни заболувања. Ликопенот е растворлив во масти, а во човечкото тело се наоѓа во масното ткиво. Во организмот се транспортира со помош на липопротеините-затоа приготвувајте салата од домат со маслиново масло, со што максимално се абсорбира ликопенот.

    Ликопенот е суплемент од новата генерација и е многу силен антиоксидант (4 пати појак од бетакаротените). Во шестогодишната студија врз 47 000 здрави мажи, Harvard Medical School откри дека со земањето ликопен преку храната 21-34% е намален ризикот од канцер на простата. Во 1995г. Harvard School of Public Health објавена е студија направена кај мажи кои, во повеќе од 10 оброци неделно бил застапен ликопенот. Ризикот на канцер на простатата бил намален за 45%, а кај оние со 4-7 оброци неделно 20%. Специјалистите сметаат дека нема да има појава на рак сî додека има одредено ниво на ликопен во крвта. Истражувачи од универзитетот во Берн соопштуваат дека ликопенот заедно со витаминот Е и одредено количество Зн (цинк) го намалуваат растот на малигните клетки во простатата во лабораториски услови. Гуавата е овошје кое во природата содржи најголем процент на ликопен, особено нејзината ферментирана форма, добиена со помош на комбуха чајна габа и зелен чај. Редовно конзумирање на овој додаток во исхраната (три пати дневно на празен желудник, во период од три месеци) многукратно го намалува ризикот од заболувања на простатата, особено на малигните заболувања. За ова сведочат и многубројните лични искуства на пациенти , кои користеле ферментирани производи од гуава, покрај редовните медицински третмани.