Лековитите својства на алоето се познати уште од стариот век. Фараоните го чувале како еликсир на долговечноста, било симбол на убавината, смиреноста и среќата. Од 250 видови на алое, Алое Барбаденсис Милер, е со најизразито лековито дејство. ТЕКСАС ОРГАНИК е водечка компанија во САД во одгледување, производство и дистрибуција на Алое Вера производи од органско потекло а нивното Алое Вера Органик е бранд бр. 1 во светот. Нивните производи се добиени од органски произведени растенија без користење на агрохемиски средства при што се запазени највисоките критериуми за органско производство. Оваа компанија е единствен член од семејството на Алое производители која гарантира дека алое сокот се преработува не подолго од 4 часа од бербата. Со тоа се спречуваат сите непожелни процеси на разградба на активните компоненти со што се обезбедува максимална искористливост на сите активни лековити состојки во својот природен врамнотежен сооднос: алое полисахариди, витамини, минерали и аминокиселини. Сите растенија се одгледуваат по строгите УСДА(United States Department of Agriculture) органски стандарди. Texsas Department of Agriculture го испитува и сертифицира секој органски Алое Вера производ. Органското сертифицирано Алое Вера Органикс не содржи хербициди, пестициди, вештачки конзерванси, коригенси на вкус и мирис со цел да се зачува и зголеми квалитетот на производот. Затоа органски одгледаното и произведено Алое Вера Органик има најголема нутритивна вредност и во пракса потврдена лековита моќ.
Употреба на Алое Вера Органик гел и сок се препорачува:
-за зајакнување на имунитетот (ја јакне општата отпорност на организмот кон инфективни болести-вирусни и бактериски), стомачни заболувања (нарушена дигестија, опстипација, хемороиди), белодробни болести- бронхитис, астма, пнеумонија, кожни болести - псоријаза, егземи, акни, алергиски осипи. за детоксификација - го прочистува организмот од токсини, за намалување на вишокот на килограми, при повреди на меки ткива - рани, исекотини, изгореници од сонце и за превенција и терапија на бенигни и малигни заболувања.
Алое Вера Органик е неспецифичен биостимулатор и поради богатиот биохемиски состав помага во еден поширок спектар на фармакодинамични процеси со поволно дејство и ги нормализира сите витални, физиолошки функции на организмот без непожелни дејства.
Искуството не учи дека превенцијата е најисплатливата инвестиција со која обезбедуваме добро здравје и долг живот. Токму затоа, Алое Вера Органик гелот т.е сокот може да го конзумира секој поединец кој вистински се грижи за сопственото здравје независно дали денес има здравствени проблеми или не.