Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

АЛОЕ ОРГАНИК го олеснува празнењето на цревата

  Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
   

      Опстипација или запек е здравствен проблем со кој се соочува современиот човек и е резултат на модерниот начин на живеење. Поради несоодветна исхрана со т.н fast food храна, која изобилува со голем процент на масти и јаглени хидрати, поради недоволно физичка активност и стресен начин на живот, многу здравствени проблеми станаа дел од нашето секојдневие. Доколку во исхраната преовладува месото и месните преработки, слатките, газираните пијалоци, пржената храна (зачинета и пресолена), за кратко време во телото настанува “еколошка катастрофа” односно труење и загадување на организмот. Отпадните материи најчесто се наталожуваат по зидот на дебелото црево и гнијат, штетните бактерии се размножуваат со што ја отежнуваат нормалната дигестија на храната и празнењето на цревата. Со тоа нормалната елиминација на отровите е оневозможена, па се нарушува работата на сите внатрешни органи (црниот дроб, жолчката, бубрезите, срцето) и резултира со појава на запек, хемороиди, и не ретко карцином на дебелото црево. За успешно регулирање на столицата т.е редовно празнење на цревата се препорачува употреба на Алое Тексас Органик гел или сок.

      Лековитите својства на алоето се познати уште од стариот век. Од 250 видови на алое, Алоето Барбаденсис Милер е со најизразито лековито дејство. Покрај одличните имуностимулативни особини на алоето, докажано е и во пракса потврдено неговото позитивно дејство врз органите за варење. Активните полисахариди присутни во алоето, ја стимулираат работата на желудникот, тенките црева, жолчката и панкреасот преку лачење на сокови богати со ензими, неопходни за одвивање на нормална дигестија на храната. Со земање на Алое Органик сок т.е гел, пред оброк на празен желудник, се подобрува перисталтиката на цревата, со што се олеснува дигестијата и се забрзува исфрлањето на отпадните материи од човековиот организам. Со тоа се избегнува појава на опстипација т.е запек, кој пак сам по себе е ризик фактор за појава на други многу посериозни заболувања. Искуствата со многубројни пациенти покажуваат дека исхраната богата со растителни влакна а сиромашна со маснотии, го подобрува варењето. Затоа пациентите со ваков проблем, треба да го сменат режимот на исхрана и да практикуваат повеќе физички активности во текот на денот.

    Предноста на Алое Тексас Органик гел/сок во однос на сите други алое производи застапени кај нас е во врвниот квалитет и начинот на производство. За производство на препаратот се користи целиот лист на алоето, со што двојно е зголемена концентрација на активните полисахариди. Алое кактусот се одгледува без користење на агрохемиски средства при што се запазени најстрогите критериуми за органско производство. ТЕКСАС ОРГАНИК е компанија и единствен член од семејството на Алое производители која гарантира дека алое сокот т.е гелот се преработува не подолго од 4 часа од бербата. Со тоа се спречуваат сите непожелни процеси на разградба на активните компоненти со што се обезбедува максимална искористливост на сите активни лековити состојки во својот природен врамнотежен сооднос: алое полисахариди, витамини, минерали и есенцијални аминокиселини. Поради сите овие извонредни особини Алое Тексас Органик производите се од компанија бр. 1 во светот и Ваш најдобар можен избор, од сите алое производи присутни на пазарот.