ВОВЕД
Денес, кога изгледа дека не е се како што би требало да биде и кога Ви се чини дека ќе експлодирате под притисок во ова општество, преполно со стрес, различни притисоци и брзање, Ви се случува ли да сонувате, да посакате убав, топол летен ден? Да почувствувате како сте далеку од се, да се вроните во бујна зелена ливада и лежите под голем даб, гледајќи во јасно сино, небо и едноставно да се опуштите?
Ве опкружува непрегледно море на млад, зелен јачмен, кој се наведнува под влијание на свежото ветре. Опоен мирис како редок егзотичен парфем го обзема Вашето тело, душа и целото Ваше битие. Сјајот на сето ова Ве оживува! Во таа гозба на чувства во Вас јакне спокојот и повторно воспоставувате равнотежа во самите себе и светот околу Вас.
Се чувствувате изморени и исцрпени? Потребно ли Ви е подмачување? Вашите проблеми би можела да ги реши зелената моќ на сокот од младите листови на јачменот. Вкусен и зелен прав, кој се добива со посебна технологија која е повеќе пати наградувана како начин на производство на Зелена магма - Зелена есенција од млади листови на јачмен. Зелената есенција од младите листови на јачмен содржи основни витамини, минерали, ензими, хлорофил и антиоксиданси во идеално врамнотежен сооднос. Древната мудрост за здравјето докажана во модерните истражувања во Јапонија и Америка и новиот начин на производство, овозможуваат добра разградба на хранливите состојки со што се храни секоја клетка во нашето тело. Виталната снага на младите листови на јачменот се пат кон добро здравје!
Јас ќе Ви ја отворам вратата за секогаш да го смените Вашиот живот! Зелената есенција од младите листови на јачмен може од корен да го промени Вашето здравје, да Ви даде повеќе енергија, да го подобри Вашиот изглед, да Ви овозможи да се чувствувате подобро и подолго да живеете, а освен тоа може да помогне во борбата против хроничните и смртоносните болести од кои сите стравуваме.
Исклучително хранлива вредност на Зелената Магма
Главна храна на двоножните и четириножните животни биле житарките. Многу животни ги јадат и при тоа ја зголемуваат отпорноста на организмот против болестите. Но, модерното општество благодарејќи на популарноста на готова и брза храна, потполно ја занемарува исцелителната моќ на мајката природа. Брзите лекови и модерната медицина, не се секогаш делотворни. Време е за враќање кон природата со користење на древната мудрост на лекување, прилагодена на современото живеење.
Зелена магма - Зелена есенција од млади листови на јачмен
Една од причините зошто житарките се важни за луѓето, баш како и за животните е дека тие не содржат алкалоиди (отровни материи кои се наоѓаат во многу други растенија). Тие не само што не содржат штетни материи, туку на нив се отпорни ( ниту земјоделските хемиски средства - отрови против плевел - неможе да ги уништат житарките). Затоа, овие растенија се делотворни и сигурни за употреба. Во своите истражувања за изнаоѓање еколошки здрава, квалитетна, идеална храна на иднината, анализирав многу природни суровини, вклучувајќи и зелени сокови, бидејќи тие со години наназад уживаат популарност како дел од здравата исхрана. Многу од тие производи, добиени од зрна, зеленчук или зелени листови од житарки се продаваат во самопослугите и продавниците за здрава храна.
Додека баравме идеална храна ги анализиравме својствата на повеке од стотина растенија вклучувајќи сокови од астра, лобод, кељ, зелка, лотос, борови иглички и бамбусови листови. На крај ја одбравме Зелена есенција од млади листови на јачмен како најдобра и најблиска до идеалната храна. Нашата одлука се темелеше на анализата на хранливите состојки содржани во сокот од зелените листови на младиот јачмен и на фактот дека во активните материи во сокот се застапени во најголем процент. Богатството со хранливи состојки ни дава право со сигурност да тврдиме дека е далеку подобар од зрната на јачменот.
Јaчменот бил застапен во исхраната на човекот низ векови наназад - го одгледувале древните народи уште 7000 год п.н.е. ПЛИНИЈ ПОСТАРИОТ во своите записи споменува како Грците и Италијаните го подготвувале јачменот. Египќаните го користеле за подготовка на пивото хаљ, а во исхраната на Сумераните завземал значајно место. Јапонците по традиција многу го почитуваат јачменот како храна и како лек, поради што е опеан во многу јапонски народни песни.
Јас јачменот го ценам од повеќе причини, не само заради неговата убавина, туку затоа што треперливите сочни, зелени листови на младиот јачмен содржат многубројни хранливи и лековити состојки кои влијаат на подобрување на нашето здравје. Всушност, фактот дека листовите на јачменот се похранливи од зрното беше навистина изненадувачко откритие.
Штом навистина е така би можеле да се запрашате зошто тогаш едноставно не би ги користеле свежите млади лисја за жвакање? За жал, младите листови се многу богати со влакна и тие вршат блокада на сите важни хранливи состојки. Надворешната површина мора да се пробие за да ензимите од нашиот организам можат да ја завршат својата работа. Свежите листови од јачмен се тешко сварливи, поради што лековитите и хранливи состојки од свежиот лист остануваат неискористени. Во тој случај, зошто не би можеле да употребиме соковник или некој друг апарат, како би можеле да добиеме зелен сок од младите листови на јачменот? Иако ова решение е подобро од жвакањето на свежи листови, сепак не е идеално бидејќи драгоцените хранливи состојки од листовите на јачмен неможат потполно да се ослободат со цедење низ соковникот. Освен тоа, состојките на таков начин лесно би се уништиле.
Целосната верзија на написот достапна во pdf