Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
За непречено и континуирано одвивање на основните метаболни процеси и за ормално опстојување на секој жив организам, неопходно е големо количество енергија. Секоја жива клетка, почнувајќи од најмалите микоорганизми па се до најсложените живи суштества како што е човекот, е мини фабрика за производство на енергија која значи- живот.За одвивање на сложениот биохемиски процес на создавање и складирање на енергија неопходно е присуство на N.A.D.H. (coenzyme 1) или (никотинамид-аденин-динуклеотид-хидрид). Овој коензим учестува како катализатор во преку 1000 метаболни процеси, кои секојдневно се одвиваат во митохондриите на клетките. Потреба од N.A.D.H. имаат сите органи во човечкото тело, особено клетките на срцето, мозокот и мускулите. Срцевиот мускул, кој се контрахира секоја секунда (86.400 пати во текот на денот), има потреба од минимум 90 :g N.A.D.H. / 1 гр живо ткиво. Мозокот и мускулите имаат потреба од минимум 50 :g, а 1/3 од целокупната продуцирана енергија во човековото тело ја искористува мозокот. N.A.D.H. го стимулира клеточниот метаболизам и ја забрзува биолошката деградација на токсините и нивна елиминација од организмот. Тој игра клучна улога во санација на оштетената ДНК-структура на клетките, штити од негативно дејство на слободните радикали и ги ревитализира клетките со нарушена функција. Нашето тело има способност да создаде доволно количество на N.A.D.H. со што непречено се одвиваат метаболните процеси во организмот. Со самото стареење но и со неквалитетниот и нездрав начин на живеење, концентрацијата на N.A.D.H. во нашите клетки се намалува. Со тоа се јавува недостиг од енергија и енергетски дисбаланс, со што се нарушува нормалната клеточна функција и се создава плодно тло за развој на тешки заболувања. N.A.D.H. е присутен во многу прехрамбени продукти особено од животинско потекло, како црвеното месо, живинското месо и квасецот. За жал, обработката на храната и стомачните киселини, во голем процент го уништуваат и телото нема голем бенефит од N.A.D.H. внесен преку исхраната. Со пронаоѓањето на биолошки стабилната форма на N.A.D.H. се дава можност за негово внесување во организмот како суплемент. Студиите вршени ин виво на група пациенти покажуваат дека со внесување на N.A.D.H. како додаток во исхраната во форма на таблета за шмукање, за кратко време се зголемува клеточниот метаболизам што резултира со зголемен енергетски потенцијал. Научните истражувања покажуваат дека со употреба на N.A.D.H. во секојдневната исхрана, се подобрува снабдувањето на виталните органи со крв, се зголемува физичката издржливост и се зајакнуваат менталните способности..АХ10 е уникатна формула во која N.A.D.H. одлично се комбинира со спирулината и овој препарат е одличен избор при разни заболувања но се препорачува и кај сосем здрава популација.АХ10 - N.A.D.H. со спирулина- се препорачува при стрес, физички и интелектуален напор, кај синдром на хроничен замор,(кај спортисти, менаџери,ученици и студент и сл.), кај пациенти со акутно и хронично труење со алкохол (цироза), кај срцева и мускулна слабост, превенција и терапија на мозочен удар, нарушена мозочна циркулација и вртоглавици, подобрување на концентрацијата и мемориските способности, кај Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и други дегенеративни заболувања на мозокот.