Новости

А К Ц И Ј А !!!

 

 

 

 

 

Акција на Enada 2+1 

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

Алое Сок 100%-Lily of the Desert

-единствен органски сертифициран алое производ-

     
      Aloe sok   100%  без конзерванси со  ALOESORB™  е препознатлив и многу баран производ  кој е добиен од целиот  лист на органски одгледани алое вера кактуси и е збогатен со   ALOESORB™.  
        Во својот состав не содржи конзерванси , засладувачи,  бои и коректори на вкус и мирис и токму затоа со право го носи епитетот на сертифициран органски производ. Пакуван е во стаклена амбалажа по што е препознатлив на пазарот.
       Компанијата Lilly of the Desert е лидер во производство и дистрибуција  на високо квалитетни брендирани и сертифицирани алое вера производи. Формирана  е во   1970 година  и се  до денес успешно ги пласира своите производи ширум светските пазари, градејќи го сопствениот имиџ врз квалитет  високи стандарди на органско одгледување и врвна технологија во индустриското производство на алое вера производи. Компанијата поседува сопствени плантажи за култивирање на алое кактуси според строгите критериуми за органско производство,  сопствени лаборатории за контрола на квалитет и  унапредување на производствениот процес. Во напорите да ги подобри нутритивните и лековитите ефкти на алоето, компанијата  Lilly of the Desert успеа повторно да направи  чекор понапред .
       Повеќе од 5 години истражувачкиот тим на, Lilly of the Desert работеше на нов иновативен процес  т.н  ALOESORBбазиран врз научна основа и покрепен со многу клинички истражувања. ALOESORBе патентирана постапка со која се издвојува  комплекс на полисахариди со голема молекуларна тежина (4-7.000,000 далтони) и истите се враќаат (60мг) во готови алое производи. Овие полисахариди со голема молекуларна тежина најчесто се инактивираат во самиот процес на цедење на алоето и ги нема во состав на  крајниот производ, со што и бенефитот од алоето е помал.  Со овој иновативен процес комплексот од полисахариди со голема молекуларна тежина е сочуван и истите се повторно вратени во состав на алое производот. На овој начин повеќекратно се зголемени имуностимулативните и имуномодулаторските својства на алоето, се обезбедува здрава подршка на дигестивниот систем со квалитетна детоксификација и одржување на општата здравствена состојба.   
        Aloe sok   100%  bez konzervansi so  ALOESORB™  на Lilly of the Desert овозможува  активна биорасположивост и максимална апсорбција на активните компоненти од алоето но воедно и на оние нутритиенти кои се внесени  преку храната  и друг вид суплементарна терапија.
   
          Со цел да се докажат лековитите ефекти на алоето, правени се студии од два независни Универзитети во Mississipi, USA. Првата студија покажа дека ALOESORB™ на Lily of the desert содржи 46% повеќе алоеполисахариди во однос на конкурентските производи.  Со втората студија се испитуваа биорасположивоста и апсорпцијата на Вит Ц.  Резултатите несомнено ја потврдуваат зголемената ресорпција на вит Ц кога се зема во комбинација со ALOESORB™ на  Lily of the desert. Токму затоа  добро информираните корисници ги земаат своите суплементи  витамини, минерали, аминокиселини) со ALOESORB™ на Lily of the desert, знаејќи дека само така ќе го добијат максималниот бенефит од земените суплементи.
           Во мај 2008 Fenestra Research Labs ги заврши клиничките истражувања вршени на 50индивидуи и 25 контролни субјекти. Целта на овие клинички студии беше да се потврди имуностимулативната функција на алоето со следење на бројот и активноста на белите крвни зрнца како и преку OWT (Optimal wellness test - тест патентиран и развиен од страна на  Fenestra Research Labs) Преку овој тест беа следени одредени биохемски параметри преку испитување на урината и плунката, со што беа потврдени позитивните  ефекти на алоето врз клеточниот метаболизам во период на 30-дневно редовно и непрекинато користење на ALOESORB™. Резултатите покажаа зголемување на имунолошкиот капацитет кај групата која користела ALOESORB™ за 16% повеќе во однос на контролната група, третирана со плацебо.Освен тоа со оваа клиничка студија беа докажани:
    -  Анти оксидативните ефекти на ALOESORB™ на ниво на клетка со преку 40% зголемување на антиоксидативниот потенцијал (ORP Oxidative-Reduction Potential). 
     -  Детоксификациските ефекти на ALOESORB™  за 11 % поголеми во однос на други суплемети кои се потврдени како ефикасни детоксификатори.Сите овие студии и испитувања ја потврдуваат улогата на ALOESORB™ на  Lily of the desert како неразделен партнер на сите други суплементи, со цел да се зголеми нивната ресорпција и биорасположивост во организмот, со што обезбедуваме максимален ефект и бенефит во напорите за подобрување на сопственото здравје.
 * Овие производи се додатоци во исхраната и не претставуваат замена за класични лекарства и медицински третмани

Доколку имате повеќе прашања за овој или било кој додаток во исхраната, слободно контактирајте не