Новости

А К Ц И Ј А !!!

Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис!  Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

Детоксикација - Прочистување на организмот

Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани

________________________________________________________________________________

Лошите прехрамбени навики, загадената животна средина, стресниот начин на живот, прекумерната и несоодветна употреба на лекови како и неумереното консумирање на алкохол и цигари доведува до наталожување на отрови и штетни материи во организмот кои може да доведат до болест. Повремената детоксификација на организмот со соодветни природни додатоци во исхраната е неопходна при што Папаја 35 и Зелена Магма претставуваат вистински избор.

Папаја 35 е достапна на нашиот пазар во облик на концентрат и капсули. Овој препарат е резултат на долгогодишни истражувања вршени врз древните рецепти на Австралиските Абориџини за подготовка на ферментирани производи од Папаја.Се состои од плод, листови и семе на зрела зелена папаја, со додаток од зелен чај и екстракт од калинка, ферментирани низ современ лактоферментирачки процес. На овој начин се добива пробиотски производ богат со витамини, минерали, аминокиселини, ензими и ацидофили.

Од ензимите најзначаен е ензимот Папаин, моќен протеолитички ензим кој учествува во разградба на протеините, а со тоа и во содавањето на есенцијалните аминокиселини. Папаинот активно делува во кисела, базна и неутрална средина, со што го спречува размножувањето на несаканите бактерии во цревата. Присуството на ацидофилите (lactobacillus Acidophilus, Casei, Bifidus, Lactobacillus Bulgaricas и др) овозможува нормализација на цревната флора. Богатиот и единствен состав на Папаја 35 доведува до топење на мастите и детоксикација на организмот при оптеретување со обилна и неизбалансирана храна. Со своето локално (во дигестивниот тракт) и системско дејство, Папаја 35 доведува до нормализација на процесите на абсорбција и искористување на хранливите состојки.

Green Magma или Зелена Магма е исушен сок од млади, органски одгледани листови на јачмен, добиена со специјална spray-dry постапка патентирана од Д-р. Yoshide Hagiwara. Пребогата е со активни витамини, минерали, ензими, аминокиселини и хлорофил. Од ензимите би ги издвоиле супероксид дисмутаза (СОД) и пероксидаза кои спречуваат оксидација на липидите и нивното таложење по зидовите на крвните садови т.е делува против појава на артеросклероза.

Зелената магма е силен антиоксиданс, ги уништува слободните радикали и спречува оштетување на нормалната ДНК - структура на клетките, доведува до ревитализација на организмот и забавување на процесот на стареење. Нејзината блага алкалност помага во неутрализацијата на телесната киселост која настанува како резултат на стресот и неквалитетната исхрана.

Присуството на холин и калиум во зелената магма доведуваат до разградба на мастите кои се натрупуваат во црниот дроб и ја подобруваат неговата функција. Црниот дроб претставува главен детоксификационен орган и неговото одржување во оптимална состојба ја превенира појавата на многу заболувања. Активните состојки во  Зелената магма не само што ги подобруваат метаболните процеси во организмот, туку се и извонредна дополна на секојдневната исхрана. Компатибилна е и при вегетаријански и макробиотски режим на исхрана, а особено се препорачува за време на пост-како задолжителна дополна на дневниот внес на хранливи продукти.

Во пресрет на предстојните празници и очекување на богатата Божиќна трпеза, Зелената  Магма и Папаја 35 треба да бидат неизоставен дел од вашата дневна рутина, а со цел да се избегнат несаканите последици од прекумерниот внес на мрсна и обилна храна и алкохолни и газирани пијалоци. И во духот на Божиќниот ден-бидете умерени во се, славете го животот и грижете се за вашето здарвје со помош на природата.

 

Начин на употреба:

  • Папаја 35 концентрат - 3 пати по 1 капаче дневно растворено во малку вода или овошен сок, 30 мин. пред јадење.
  • Папаја 35 капсули - една капсула дневно за време на оброк.

 

  • Зелена магма - 3 пати по 1 кафена лажичка растворена во 150ml. ладна вода или овошен сок, 30 мин. пред јадење.