Новости

А К Ц И Ј А !!!

Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис!  Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

Папаја 35 и Паркинсонова болест

Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани

________________________________________________________________________________ 

 

Папаја 35 - дополна во исхраната кај заболени од Паркинсон

 

     Во изворната медицина на  древните народи, папајата е позната како многу лековита билка и се употребувала за лекување на најразлични болести. Во Папаја 35 концентратот и капсулите најмногу се содржи ензимот папаин кој е број еден од сите познати растителни протеолитички ензими и со тоа завзема многу важно место како помош при постигнување и одржување на оптималнa здравствена состојба.

 

     Научните студии, во кои последниве децении се истражувани протеолитичките ензими, во потполност го докажуваат јакнењето на имунолошкиот систем и силните антиоксидативни ефекти при земање на препаратите од ферментирана Папаја.

     Папаја 35 капсули и концентрат е природен, ферментиран производ  кој  во себе ги содржи сите неопходни, биоактивни материи. Се добива од плодови, свежи листови и семе од зелена папаја, по пат на природна ферментација, а при кој процес се создаваат и други активни материи како глукуронска и фолна киселина, аминокиселини и ензими, кои дополнително го збогатуваат составот. Папаја 35 содржи комбуха чајна габа како и екстракт од калинка, со што дополнително се зголемуваат антиоксидативните и нутритивни вредности на финалниот производ.

     Папаја 35  изобилува со: витамин C, B1, B2, B3, B6, B12, B17 (леатрил), фолна киселина; K (калиум), Ca (калциум), Mg (магнезиум), P (фосфор), Na (натриум); есенцијални и неесенцијални аминокиселини; папаин, химопапаин А, химопапаин Б, липаза, лизозим, глутамин - циклотрансфераза.

     Нездравиот начин на исхрана, стресот, изложеноста на штетните надворешни влијанија-како зрачења, хемиски загадувачи, пестициди присутни во вода и храна, загаден воздух и др. придонесуваат природниот процес на стареење на организмот се повеќе да е пропратен со тешки дегенеративни заболувања. Околу 1% од популацијата над 65 год. страда од  едно од нив, а тоа е Паркинсоновата болест, која претставува дегенеративно неуролошко заболување кое примарно ги афектира специфичните мозочни стем клетки, одговорни за продукција на допаминот. Специфичните симптоми на Паркинсон произлегуваат токму од недостатокот на допамин кој е неопходен за спроведување на импулсите од една до друга нервна клетка. Појавата на Паркинсон ја поврзуваат и со оштетување на ткивата од слободните радикали кои се создаваат при клеточна конверзија на кислородот во енергија.

     Со својот богат ензимски антиоксидативен состав, ферментираната Папаја 35 е моќен додаток во исхраната на овие болни при што  ги регулира метаболните процеси и ја зголемува клеточната одржливост. Нејзиното силно антиоксидативно дејство е заслужно за подобрување на состојбата кај овие пациенти. Ферментираната Папаја 35 ја намалува  интраклеточната генерација (создавање) на кислород реактивни видови како hydroxyl слободните радикали, и акумулацијата на superoxide аниони и азотен оксид (NO) во клетките. Францускиот научник, Dr. Montagnier, (Нобеловец за 2008) ја вклучил ферментираната папаја во третманот на Папата Јован Павле по што симптомите на Паркинсон во значителна мерка и видливо за верниците се намалиле. Зголемувањето на имунитетот, неутрализацијата на слободните радикали и јакото детоксирачко и прочистувачко дејство во голема мерка го подобрува квалитетот на живот на пациентите. Во комбинација и како надополна во исхраната при востановениот класичен медицинска третман, Папаја 35 ги витализира клетките и ги хармонизира клеточните процеси.