Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис! Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...
повеќеАлое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...
повеќеФерментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...
повеќеНапомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
_______________________________________________________________________________
Биобрен - Arabinoxylan compound
Природна заштита од вирусни инфекции
Arabinoxylan compound - наречен Биобрен МГН-3 со својот природен состав од полисахариди со кратки ланци овозможува лесна абсорбција во организмот и максимална искористливост. Биобрен МГН-3 претставува растителната формула која за прв пат е создадена во Јапонија во 1992 год. од Д-р. Hiroaki Maeda, директор на одделот за развој на фармацевтската компанија Daiwa Pharmaceutikal Co. Ltd, од Токио. Неговите нетоксични особини овозможуваат долготрајна употреба без несакани дејства и интеракции со други фармацевтски производи. Сето ова го прави најјак имунокомплекс кој досега е произведен во светот. Неговата моќност е во способноста за имуномодулација при што се балансираат биолошките параметри.
Потрагата по природен фитонутритиент со лековити ефекти врз човековиот организам, резултирала со единствена патентирана постапка при која со делумна хидролиза (под дејство на ензими од шитаке печурки) оризовите влакна се раскинуваат при што се добива природна мешавина на хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот или b-1, 4 xylophyronase hemicellulose. Токму ваквиот олигосахариден состав е “причината“ биобренот да има позитивен ефект при оштетувања на хепарот (црниот дроб) предизвикани од вирусни инфекции како што е Хепатитот А, Б или Ц. Професорот Dr. Hiroo Sanada од одделот за Bioproduction Science, од Универзитетот Chiba во Јапонија во своите научни истражувања ја споредува полезноста од лактулозата, рафинозата и галакто - олигосахаридите и нивното превентивно влијание при хепатални оштетувања со делувањето на Биобренот и заклучува дека неговото делување, како полисахариден синџир, е превентивно и заштитно. Дел од ова заштитно дејство на Биобренот се должи на инхибиција на макрофагната активност што сугерира вклученост на имунолошкиот систем. Исто така, во раната фаза на хепаталната вирусна инфекција, НК - клетките ги уништуваат инфицираните клетки со што исто така се намалува можноста од оштетување на хепаталното ткиво. Се смета дека Биобренот има два ингредиента: едниот, преку зголемување на активноста на НК - клетките при што го супримира растот на вирусот и другиот кој го инхибира хепаталното оштетување и слабеењето на хепатоцитите независно од НК активноста. Иако докрај не е проучен комплетниот механизам на делување на Биобренот при вирусни инфекции, неговата полезност при заболувања како Хепатит А, Б и Ц, ХИВ, Херпес и ХПВ е повеќекратно докажана, а неговата употреба е повеќе од оправдана. И во нашава земја, по долгогодишна употреба и позитивни искуства во примената кај некои вирусни заболувања, Биобренот веќе го најде своето место - како додаток во исхраната кој на моќен и достапен начин го штити организмот. Оттаму и неговата примена не само кај луѓе со одредена дијагноза: бактериски инфекции и др. воспалителни процеси, дијабетес и алергии, бенигни и малигни заболувања во комбинација со класични терапевтски методи, туку секогаш кога организмот е соочен со дефицитарен имунолошки одговор и за одржување на оптимална општа здравствена состојба. При посочените вирусни инфекции, Биобрен МГН-3, треба редовно и континуирано да се користи во исхраната во период од 3-6 месеци, а ефектот трае пролонгирано и по подолг временски период. Кај здрави луѓе, а за заштита од вирусни инфекции во зимскиот период, како и за одржување се препорачуваат помали дози со секојдневната исхрана.
Напомена: Биобрен МГН-3 како најсилен имуномодулатор дава одлични резултати како дополнителна терапија на класичните медицински третмани и претставува додаток во исхраната.
Овие производи не претставуваат замена за класичните медикаменти и медицински третмани.