Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис! Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...
повеќеАлое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...
повеќеФерментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...
повеќеНапомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
ХПВ инфекции и BioBran MGN-3
253.000 жени годишно умираат од карцином на гениталните органи поврзани со инфекции од ХПВ во светот. Од преку 60 вида на ХПВ само неколку (16, 18, 31 и др.) предизвикуваат или се поврзани со појавата на карцином на ПВУ. Инциденцата на присутност на ХПВ инфекции во Македонија е исто така многу висока. Затоа, овој проблем заслужува неподелено внимание на здравствената и општата јавност.
ХПВ (Human Papilloma Virus) се пренесува по сексуален пат и од него се инфицираат како мажите така и жените. И додека кај машкиот пол ретко предизвикуваат посериозни проблеми, кај жените, во преку 70% се поврзува со појава на карцином на гениталните органи. Инфицираните лица скоро и да немаат никакви симптоми и затоа ХПВ најчесто се открива случајно при гинеколошки преглед. Со ПАП тест и при колпоскопија се поставува сомнеж за инфекција, за да потоа со тест за типизација на ХПВ од брис или биоптички материјал се потврди дијагнозата. Инфекцијата со ХПВ ги погодува сите старосни групи, но најчесто ќе поминат години додека се појават првите симптоми на сериозни последици како што е појавата на карцином. Најбитната нишка при третирање на ваков тип на инфекции секако претставува зајакнување на имунолошкиот систем. И тука доаѓа Биобренот - најсилен досега познат природен имуностимулатор и имуномодулатор кој претставува сложен полисахариден синџир (Arabinoxilan compound) и се добива со патентирана постапка на делумна хидролиза на органски одгледани оризови влакна со ензими од шитаке печурки кој го произведува реномиранaта фармацевтската компанија Daiwa Pharmaceutical co. од Јапонија. Посебноста на Биобрен, кој го привлече вниманието на светската здравствена јавност, е дека ја стимулира и засилува работата на НК (Natural killer) - клетките за дури 300%, а на Т и Б - лимфоцитите за 150-250%.
Испитувањата покажуваат дека доколку Биобрен МГН-3, редовно се користи во исхраната (најмалку 3 месеци при терапија на ХПВ), ефектот на јакнење на имунитетот трае пролонгирано и по подолг временски период што не е случај со други имуностимулатори. Терапијата започнува со високи ударни дози за да по 1 - 3 месеци се премине на помали дози т.е дози на одржување. Брзината на постигувањето на врвот на НК - активноста зависи од пропишаната дневна доза (со повисоки дози овој врв на активност се постигнува побргу, за 2-4 недели). По третман од 3 месеци се прават контролни тестови за ХПВ а потоа се продолжува со дози на одржување. Светските искуства а и нашите, го потврдуваат како извонреден антивирусен препарат. Единствената молекуларна структура го детерминира како незаменлив додаток во исхраната. Лесно се апсорбира во дигестивниот тракт, сосема е природен и нетоксичен, со клинички докажан квалитет. Со соодветна заштита при сексуални односи, намалување на стресот, пушењето, алкохолот, со правилна исхрана и редуцирање на др. предиспонирачки фактори кои не прават поподложни на ХПВ инфекции, ќе придонесеме за намалување на преваленцата на заболени од карцином кај женската популација. Но и покрај ова, Биобренот е тој што ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имунитет и организмот соодветно да одговори на нападот на ХПВ кој доаѓа неосетно и опстојува назабележливо.
Научниот пристап и многубројните клинички студии и истражувања, го издвојуваат Биобрен МГН-3 од навидум слични производи. Овој најсилен досега познат природен имуностимулатор и имуномодулатор се препорачува при вирусни инфекции, малигни заболувања - во комбинација со класични медицински третмани, при воспалителни процеси, алергиски реакции и др. Но секако најважна е примената за одржување на организмот во добра општа здравствена состојба и превенција на заболувањата.