Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис! Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...
повеќеАлое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...
повеќеФерментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...
повеќеНапомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани
________________________________________________________________________________
ПОДГОТВЕТЕ ГО ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ЗА ЗИМА СО ЗЕЛЕНА МАГМА
Вкусниот и зелен прав, или зелена крв, како што го нарекуваат е зелена есенција од младо лисје на јачмен, богат со основни витамини, минерали, ензими, хлорофил и антиоксиданси во идеално врамнотежен сооднос. Зголемете го вашиот имунитет со древната Јапонска мудрост за здравјето внесена преку единствената патентирана постапка во препаратите на Зелена Магма.
Зелена магма е природен производ во форма на прав, добиен од сокот на органски одгледани млади листови од јачмен. За да ги заштити и сочува чувствителните хранливи состојки и активните ензими од сокот од свежо набраните јачменови листови, Др.Хагивара развил единствена spray-dry постапка, за која ја добил престижната јапонска награда Pharmaceutika Meritorious Service Award. Со оваа постапка (со распршување на собна темература за само 3 секунди) се добива финален производ со врвен квалитет, во кој хранливите материи имаат непроменета хемиска структура и максимално сочуван нутритивен ефект. Токму затоа, Зелената Магма е супериорна во однос на другите диететски производи и со секојдневно користење телото ги добива сите есенцијални материи кои го одржуваат здравјето и виталноста.
Во екот на зимата и налетот на вирусите, вашиот организам има потреба од природна поткрепа на имунолошкиот систем а се со цел полесно справување со евентуалните инфекции. Зелената Магма претставува идеална функционална храна и се препорачува како составен дел на исхраната за сите членови во семејството без оглед на возраста. Можат да ја конзумираат и сосема здрави поединци со цел зачувување и одржување на доброто здравје.
Се препорачува кај:
1. трудници и жени доилки во период на бременост и лактација,
2. дечиња со мала телесна тежина, со слаб апетит и анемија, деца во период на раст и развој (школски деца и тинејџери),
3. ученици и студенти со големи интелектуални напрегања, менаџери и поединци изложени на стрес и исцрпени од работните обврски,
4. луѓе кои практикуваат нередовна и неправилна исхрана, кај сите типови диети и специфични режими на исхрана (особено кај макробиотичари и вегетаријанци), за природна детоксификација на телото од загадената животна средина и неквалитетната храна, за зајакнување на имунитетот и општата обрамбена моќ на организмот против бактериски и вирусни инфекции и др.
5. кај повозрасните и хронично болните пациенти кои боледуваат од кардиоваскуларни болести и болести на срцето (хипертензија, зголемен холестерол и триглицериди, атеросклероза) дијабетес, белодробни заболувања и болести на уринарниот и дигестивниот тракт, кај рековалесценти за побрзо опоравување и сл
6. бенигни и малигни заболувања, особено во период и после хемотерапија и зрачење.
Зелената магма нема непријатен, горчлив вкус или лош мирис, па и вашите деца ќе ја сакаат. Не заборавајте, Зелената Магма е додаток во исхраната кој на телото му обезбедува дополнителна енергија, го зајакнува имунитетот и ја зголемува моќта на ревитализација на самиот организам.