Новости

А К Ц И Ј А !!!

Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис!  Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ENADA / ENACHI (N.A.D.H. - Coenzyme 1) при депресија

Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани

____________________________________________________________________

 

     Депресијата е психијатриско пореметување карактеризирано со чувство на беспомошност, изгубеност, вина, осаменост и безперспективност. Не постојат двајца депресивни пациенти со исти симптоми.

     Депресивното пореметување е едно од најчестите во психијатријата, но и честа болест на целокупната популација. Во развиените земји од депресија боледуваат повеќе од 3% мажи и дури 10% жени. Некои луѓе преживуваат депресивно пореметување само еднаш во животот, но дури 50% од депресивните пациенти имаат повеќе од еден напад. Тоа што оваа болест ја прави изразито тешка и никако за потценување, е податокот дека во просек 15% од болните од депресија ќе извршат самоубиство. Темелните промени кај депресијата ја опфаќаат пореметената регулација на невротрансмитери во мозокот. Овие дисрегулацијски промени го афектираат, помеѓу останатите, холинергичниот, катехоламинергичниот и серотонергичниот невротрансмитерен систем. Кај овие пациенти е намалено присуството на допамин, норадреналин и серотонин во крвта. За нивна синтеза во организмот, неопходно е и присуство на N.A.D.H. - Ко.1. Испитувањата во кои се користени клеточни култури на неурони, докажуваат дека продукцијата на допамин се зголемува со додавање на N.A.D.H. во медиумот на културата. Во зависност од дозата, продукцијата на допамин се зголемува и до 6 пати. Ко.1 го стимулира и tyrosine hydroxylase (TH), клучниот ензим за продукција на допаминот и до 70%. Како дополна на ова, студии спроведени во Франција, покажуваат дека Ко. 1 ја стимулира продукцијата на допамин и норепинефрин во одредени мозочни регии и за повеќе од 40%. Од друга страна, мали количини на N.A.D.H. - Ко.1 се создаваат и во организмот од амино киселината L-Tryptophan, при што се трошат големи количини на оваа амино киселина (60мг. за 1мг.).  Tryptophan-от е прекурсор на еден од најважните антидепресивни невротрансмитери - серотонинот. Со надворешно внесување на N.A.D.H. - Ко.1, се штедат внатрешните резерви на Tryptophan и со тоа се зголемува можноста за синтеза на серотонин. Накратко, додавајки препарати на N.A.D.H. (enada®/enachi®) како додатоци во исхраната кај овие пациенти, допринесуваме за зголемување на внатрешната синтеза на допамин, норадреналин и серотонин, чие присуство е намалено кај појава на депресија. Така, на природен начин помагаме организмот, во одредена мерка, сам да ја корегира пореметената регулација на невротрансмитерите. Освен кај пациенти со Депресија, N.A.D.H. (enada®/enachi®) како додаток во исхраната, се препорачува и при: Алцхајмер, Паркинсон, Деменција, синдром на хроничен замор, при зависност од алкохол (го штити црниот дроб од алкохолно оштетување), злоупотреба на дроги, лекови како и за намалување на инхибицијата на синтеза на тестостерон. Ја штити ДНА на кл. од штетните ефекти на радијацијата, го промовира телесниот сопствен заштитен механизам со неговиот докажан антиоксидативен ефект.

     Оригиналната формула на N.A.D.H. по Професор Др. Ј. Биркмаер-Коензим 1, е молекул за трансфер на енергија и препаратите (enada®/enachi®)  се едни од првите и ретки чија медицинска ефикасност, безбедност, биорасположивост како и толеранција, се испитани и потврдени од FDA (Food and Drug Administration) и како такви се здобиени со Investigative New Drug (IND) статус. Затоа, колку повеќе Ко. 1 е на располагање на клетките, толку поефикасно клетките ќе функционираат поради зголемената продукција на АТП и подобрата регулација на метаболните процеси при состојби на хроничен замор, за подобрување на физичките и ментални активности, при пореметување во ритамот на спиење, при промена на временски зони, за зголемување на концентрацијата, когнитивните способности, вниманието и спремноста за реакција како кај професионални спортисти  така и кај здрави лица, при стрес-пред испит и кај менаџери, како и за успорување на процесот на стареење на клетките (клинички докажан anti aging ефект).