Новости

А К Ц И Ј А !!!

Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис!  Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

ENADA / ENACHI (N.A.D.H. - Coenzyme 1), неизоставен додаток во исхраната кај заболени од Паркинсон

Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани

________________________________________________________________________________

 

      Паркинсоновата болест се карактеризира со три главни симптоми: тремор (тресење), ригидност (вкочанување) и акинезиа (неспособност за движење). Органските причини за болеста лежат во мозокот. Одредени регии во базалниот дел, наречени: substantia nigra и striatum - дегенерираат. Првите симптоми на Паркинсон се забележуваат кога 50% од овие регии се неповратно оштетени. Овие оштетувања предизвикуваат дефицит на една од најважните преносни субстанции – допаминот.

 

     Оригиналната формула на N.A.D.H. (enada®), по Професор Др. Ј. Биркмаер - Коензим 1, е молекул за трансфер на енергија и е присутен во сите живи клетки во природата, па и  во човековото тело. N.A.D.H. е есенцијален дел на многу ензими. Повеќе од 1,000 метаболни процеси во човековиот организам се регулирани од Коензим 1. Затоа, секој негов недостаток ќе резултира со редукција на метаболните процеси и сите последици од тоа. Еден од тие процеси е и продукцијата на допамин за што е потребен и Ко. 1.

     Лабораториските испитувања во кои се користени клеточни култури на неурони, докажуваат дека продукцијата на допамин се зголемува со додавање на N.A.D.H. во медиумот на културата. Во зависност од дозата, продукцијата на допамин се зголемува и до 6 пати. Ко.1 го стимулира и tyrosine hydroxylase (TH), клучниот ензим за продукција на допаминот и до 70%. Како дополна на ова, преку студии спроведени во Франција, се дошло до сознанија дека Ко. 1 ја стимулира продукцијата на допамин и норепинефрин во одредени мозочни регии и за повеќе од 40%. Исто така, double-blind placebo-контролирано клиничко истражување во Универзитетската болница во Германија со пациенти заболени од Паркинсон, кои добивале Ко.1 (enada®), покажало зголемено ниво на Л-допа и допамин во крвта. Овие податоци сугерираат дека Ко.1 (enada®), ја стимулира продукцијата на адреналин и допамин и поради тоа би требало да има позитивен ефект на физиолошките функции кои се регулирани од истите: сила, движење, координација, внимание, когнитивни функции, расположение, сексуална потентност и секреција на хормонот за раст.

     Новиот пристап за N.A.D.H. (enada®) е дека го стимулира организмот  на продукција на сопствена Л-допа, што од биолошка гледна точка е многу подобро, бидејки со овој додаток во исхраната се надополнува ординираната медицинска терапија.

     Колку повеќе коензим 1 е на располагање на клетките, толку поефикасно клетките ќе функционираат поради зголемената продукција на АТП (АТП е клеточна енергија складирана во хемиска форма) и подобрата регулација на метаболните процеси.

     Освен кај пациенти со Паркинсонова болест, N.A.D.H. (enada®) како додаток во исхраната, се препорачуваи при: Алцхајмер, деменција, синдром на хроничен замор,  депресија, при зависност од алкохол (го штити црниот дроб од алкохолно оштетување), злоупотреба на дроги, лекови како и за намалување на инхибицијата на синтеза на тестостерон. Ја штити ДНА на кл. од штетните ефекти на радијацијата, го промовира телесниот сопствен заштитен механизам со неговиот докажан антиоксидативен ефект.

     Ко. 1 - ENADA/ENACHI, како додаток во исхраната, е еден од првите и ретки чија медицинска ефикасност, безбедност, биорасположивост како и толеранција, се испитани и потврдени низ клинички студии спроведени од страна на FDA (Food and Drug Administration) и како такви се здобиени со Investigative New Drug (IND) статус од истата и одобрени се за безбедна употреба.