Новости

А К Ц И Ј А !!!

Акција на Enada таблети За купени две кутии, добивате една гратис!  Enada таблети- редовна цена 1695 ден.- со а ...

повеќе

АКЦИЈА 1+1 !!!

 Алое вера сок на Texas Organics - 99,7% сок од органски одгледани алое кактуси, исцедени веднаш по бербата. Папаја ...

повеќе

ПАПАЈА 35 КАПСУЛИ

Ферментиран препарат од органско одгледани зрели плодови, листови и семе на зелена папаја, во комбинација со ...

повеќе

НАДМИНЕТЕ ГО ХРОНИЧНИОТ ЗАМОР

Напомена: Наведениот текст служи како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др., и во никој случај не е за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани

________________________________________________________________________________
 
Како нашата енергија зависи од N.A.D.H. - Coenzyme 1?
 

     Билионите клетки кои ги формираат ткивата, органите и во крајна инстанца човековото тело, имаат многу важна задача: да продуцираат енергија! Ако нашите клетки ја успорат или ја намалат нивната продукција на енергија, највидлив знак е нашиот умор во насока на значително зголемен сеопфатен замор.

 

     Оригиналната формула на N.A.D.H. (enada®), по Професор Др. Ј. Биркмаер - Коензим 1, е молекул за трансфер на енергија присутен во сите живи клетки  па и  во човековото тело. Повеќе од 1,000 метаболни процеси во човековиот организам се регулирани од  Коензим 1. Секој негов недостаток ќе резултира со редукција на метаболните процеси и сите последици од тоа. Електроните обезбедени од N.A.D.H. се проследуваат до  митохондриите од секоја клетка, при што се продуцира енергија од АТП. АТП е клеточна енергија складирана во хемиска форма. Еден молекул на Коензим 1. е одговорен за продукција на три молекули на АТП. Колку повеќе коензим 1 е на располагање на клетките, толку поефикасно клетките ќе функционираат поради зголемената продукција на АТП.

     Иако овие производи: enada® и enachi® се додаток во исхраната, тие се едни од првите и ретки чија медицинска ефикасност, безбедност, биорасположивост како и толеранција, се испитани и потврдени низ клинички студии спроведени и од страна на FDA (Food and Drug Administration) и се здобиени со Investigative New Drug (IND) статус од истата и се одобрени  за безбедна употреба. Досега нема пријава за несакани дејства или интеракции со други препарати. Се употребуваат во исхраната поради научно потврденото дејството на имунолошкиот систем во смисла на негово зајакнување и поништување на дејството на слободните радикали - антиоксидативен ефект. ENADA / ENACHI – N.A.D.H.  производите како додаток во исхраната, имаат клинички докажан бенефит првенствено кај пациенти со Паркинсон, Алцхајмер, Деменција, при синдромот на хроничен замор, депресија, при зависност од алкохол (го штити црниот дроб од алкохолно оштетување), злоупотреба на дроги, лекови како и за намалување на инхибицијата на синтеза на тестостерон. Ја штити ДНК на клетките од штетните ефекти на радијацијата. Нутритивните апликации се: при состојби на хроничен замор,  наутро за подобрување на физичките и ментални активности, при дефицит на сон и пореметување во ритамот на спиење, при промена на временски зони, за зголемување на концентрацијата, вниманието и спремноста за реакција како кај врвни спортисти така и кај рекреативци, кои имаат голем бенефит од додатната АТП продукција, така и кај здрави лица при стрес пред испит како и за успорување на процесот на стареење на клетките (а со тоа и на организмот во целост).

     Луѓето кои страдаат од хроничен умор е утврдено дека имаат недостаток од АТП, особено и при најмал физички напор. АТП недостатокот е придружен со замор, мускулна слабост и мускулна болка кои само во мала мерка се подобруваат при одмор и спиење. N.A.D.H. ги пополнува испразнетите клеточни резерви на АТП, со што ја подобрува состојбата на замор и когнитивните дисфункции. Пациентите со поголема телесна тежина, кои страдаат од хроничен замор,  имаат потреба од поголеми дневни надополни со N.A.D.H.(2-3тбл. дневно), при што позитивните ефекти се очекуваат за 4 до 6 недели. Оптималните ефективни дози од N.A.D.H. варираат во зависност од индивидуалната телесна градба и уникатната биохемија. Долготрајната употреба резултира со подобрен кислороден капацитет, зголемено време на реакција и подобра ментална острина и будност. За сите кои се рекреираат, спортуваат, се изложени на стрес или зголемен умствен напор, како и за секојдневна природна енергетска дополна на клеточните резерви, enada® и enachi® се вистински додаток во исхраната, кој ќе го подобри квалитетот на Вашиот живот и ќе внесе ново поимањето на здравјето.