ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА

1,638ден

Зелената магма претставува дехидриран сок од млади листови на јачмен и содржи хранливи состојки од природен извор, со непроменета хемиска структура кои се наоѓаат во идеално избалансирана рамнотежа и имаат силно синергистичко дејство. Претставува сертифициран органски производ, веган, не содржи ГМО и не содржи глутен.
Зелената ( Green) Магма е достапна во пакување од 80 гр.
Дозирање : 2-3 x1 кафено лажиче, растворено во 100 мл ладна течност; 20-30 мин. пред јадење и истиот е потребно да се користи во континуитет најмалку 3 месеци.

 

*акцијата се однесува на ограничени количини со датум на истек: 30.06.2020

ЗЕЛЕНА ( GREEN) МАГМА

– Оригинална формула на dr. Hagiwara –

Зелената Магма на dr. Hagiwara е нутритивен, благо алкален прав направен од органски сок од млади листови на јачмен.Младите листови јачмен содржат најбалансиран нутритивен состав од сите зелени растенија, со изобилство од витамини, минерали, антиоксиданси, аминокиселини, протеини, активни ензими и хлорофил. Секојденевната конзумација на Зелена ( Green ) му ги обезбедува на Вашиот организам сите есенцијални нутритиенти неопходни за здравје и виталност.

Младите јачменови лисја се одгледани на едно од светски најплодните почви во Јапонија и во близина на Тихиот Океан во Калифорнија. Се одгледуваат без пестициди и хемиски ѓубрива. Јачменовите лисја се исклучително нутритивна храна, која содржи изобилство од антиоксиданси кои го штитат организмот од оксидативен стрес. Помешана со сок или вода, Зелената магма нуди соодветна, богата со хлорофил храна, со природна рамнотежа на бета каротен, протеини, минерали, аминокиселини, активни ензими, вит. Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и др. Благата алкалност на Зелената магма помага да се неутрализира киселоста во организмот предизвикана од неправилната исхрана богата со масти. Научници од водечки светски универзитети како Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот George Washington откриле дека сокот од младите листови на јачмен содржи силни антиоксиданси кои ја превенираат липидната пероксидација на клеточните мембрани предизвикана од слободните радикали.Зелената магма е богата со хлорофил, кој има детоксикациски, антивоспалителни и антибактериски својства.
Зелената Магма содржи над 100 корисни фитонутриенти:

  • Витамини :бета каротен, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, ниацин, фолна киселина, холин, пантотенска киселина, вит. К ;
  • Минерали :железо, калиум, калциум, бакар, цинк, манган, фосфор, магнезиум и др.;
  • Активни ензими: најпознат е Супер оксид дисмутаза ;
  • 19 есенцијални аминокиселини ;
  • Хлорофил

Dr. Hagiwara ја развил единствената spray – drying постапка за да ги сочува хранливите состојки од сокот на младите листови јачмен, за што ја добил престижната јапонска награда Pharmaceutical Meritorius Service Award.

Младите листови јачмен одгледани по најстроги критериуми за органско производство, внимателно се мијат и пресуваат при што се добива свеж зелен сок, кој потоа се дехидрира на собна температура и се добива прав кој се гранулира, за да се постигне подобра растворливост во вода и побрза апсорпција на хранливите состојки во организмот.
Активните ензими ја помагаат дигестијата, промовираат продукција на енергија и го поддржуваат метаболизмот.

Хлорофилот ја одржува pH рамнотежата, врши детоксикација, се бори против слободните радикали и промовира добра дигестија.

Антиоксидансите го поддржуваат имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем.
Резултатот од редовното конзумирање на Зелена магма е зголемена енергија, подобрена дигестија, зголемена ментална активност и подобар изглед на косата, кожата и ноктите.
Зелената ( Green) Магма претставува сертифициран органски производ, Веган, не содржи глутен и ГМО.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА :

Растворете 2 мали лажички во 100 мл ладна вода или сок. Не мешајте со топли течности, бидејќи топлината ги неутрализира активните ензими. Се препорачува да се зема 20 – 30 минути пред јадење.

Back to Top